Брнз: Украинскиот народ со ништо не ја испровоцира Русија

од Nikola Popovski
365 прегледи

Американската амбасадорка Кејт Мери Брнз смета дека ова што денес го прави Русија е брутална агресија и бесрамни дејствија.

-Мораме да имаме цврсти ставови во однос на последиците кон Русија и Путин. Пред една недела имавме различен однос кон земјата. Украинското население со ништо не ја испровоцира Русија. Мораме да побараме одговорност и да ги изолираме, вели Брнз во интервју за ТВ 21.

Таа вели дека Путин се обидува да го смени наративот преку медиуми и други канали.

-Сметам дека има искрена и широка поддршка за она што го прават Украинците, нивната борба за слобода и демократија. Мислам дека ова е нешто што луѓето од Северна Македонија и од регионот вистински го разбираат. Импресионирана сум што граѓаните и политичкиот врв зазедоа цврст став по однос на ова прашање и го сфатија многу сериозно.  Има други прашања за кои говорите, во однос на јавното мислење, вели Брнз.

Слични содржини