447
На наше огромно задоволство денеска бевме домаќини на почитуваната американската амбасадорка Кејт Брнз , придружувана од нејзиниот сопруг Капетан Лери Скот Гејџ, информираа од ЈП „Лајка“.
Од таму додаваат дека директорката на ЈП „Лајка“ Тина Петрушевска ја запознала американската амбасадорката Кејт Брнз со тековните активности како и со долгорочната мисија на претпријатието, кое се грижи за благосостојбата на бездомните кучиња на територија на град Скопје.
-Во рамките на посетата, амбасадорката ја посети ветеринарната служба на прифатилиштето каде се спроведува хуманиот третман, а исто така во паркот за миленици имаше одлична дружба со дел од кучињата кои се подготвени за вдомување, велат од јавното претпријатие.