Мислам дека кога станува збор за борбата против корупцијата, мора да се гледа на целото општество и целиот приод на владата. Секој дел од структурата е одговорен за борбата против корупцијата и да се обезбеди дека тукашните институции се отпорни за да можат да ја потистнат корупцијата кога ќе ја видат или да не остават отворен простор за таа да го исполни, вели американската амбасадорка во земјава, Кејт Мери Брнз за справувањето со корупцијата во Македонија.
Според неа, институциите самите не можат да се реформираат.
-Потребни се поединци, потребна е политичка храброст, потребна е волја за да се направат тие промени. Мислам дека политичкото лидерство ги разбира овие прашања, секако ако ги слушнат испитувањата на јавното мислењеи граѓаните, разбираат дека за граѓаните ова е најголемиот предизвик, но не е доволно едноставно да се донесе закон или усвои едно решение или програма. Мора да се пристапи кон ова од сите агли. Токму затоа, претседателот Бајден ја издови оваа тема како дел од националната безбедносна стратегија и се посвети не само на борбата против корупцијата во нашата земја, туку и преку партнерство со земјите, сојузниците и партнерите за кои длабоко се грижиме, да им помогнеме и на нив, изјави Брнз во интервју за Тв Телма.