Бракот на актерот Хју Џекмен и режисерката Дебора Ли Фернес е проследен со бројни коментари.
Многумина коментираа дека парот изгледал неусогласено, главно поради разликата во годините, со оглед на тоа што Дебора е 17 години постара од актерот.
Се чини дека Хју и Дебора не се ни грижат за коментарите дека актерот е „преубав и премлад за Дебора“.
Џекмен со најновата објава на Инстаграм ја усреќи својата сопруга со емотивни зборови.
„Среќен роденден на мојата извонредна сопруга. Ова е 28-ми пат кога го славам овој ден со тебе. Ме научи на многу работи, вклучително и како да славам. Го славиме животот, семејството, пријателството и љубовта. Твојата светлина и радост осветлуваат сè околу нас. Децата и јас уживаме во тој сјај секој ден и денес се молиме да ја почувствуваш сета таа наша љубов. Те сакам“, напиша Хју Џекмен на Инстаграм покрај фотографија со сопругата.
Уште една гласина беше поврзана со името на американскиот актер. Многу се зборуваше за тоа дека е хомосексуалец, а Дебора тоа го коментираше вака:
„Ако Хју е геј, тој може да биде геј. Не би морал да го крие тоа, а би се забавувал со Бред Пит или со некој друг. Не дека Бред е геј, но знаете за што зборувам“.