Бројот на туристи и на ноќевања е зголемен

од Radmila Tasevska

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во ноември 2022 година изнесувал 56 886, од кои 36.2% се домашни, а 63.8% странски туристи.

Во ноември се евидентирани и 124 969 ноќевања, од кои 40.6% се од домашните туристи, а 59.4% од странските.

Во периодот јануари – ноември 2022 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 38.8%, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6.2%, а кај странските зголемувањето е за 84.5%. За 23.3% е зголемен и бројот на ноќевањата, и тоа: кај домашните туристи за 3.9%, а кај странските за 72.2%.

Слични содржини