Бројот на загинати во ракетниот напад на руските сили врз зграда во Днепар во саботата се зголеми на 40, соопшти денес локалниот функционер Генадиј Корбан.
Како што изјави на својот Телеграм профил, 30 лица сè уште се водат како исчезнати, пренесува Ројтерс.
Тој додаде дека во нападот се повредени 75 лица, меѓу кои 14 деца.