Бројот на загинати во земјотресите во Турција се зголеми на 49.589

од Radmila Tasevska
135 прегледи

Бројот на загинати во разорните земјотреси што минатиот месец ја погодија јужна Турција се искачи на 49.589, изјави денес турскиот потпретседател Фуат Октај.

На прес-конференцијата Октај рече дека меѓу загинатите има 6.807 странски државјани.

Турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) испрати 1,6 милијарди долари до провинциите погодени од земјотресите, додека 1,1 милијарди долари беа испратени од јавните институции и организации.

Земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала погодија 11 турски провинции на 6 февруари – Адана, Адијаман, Дијарбакир, Елазиг, Хатај, Газиантеп, Кахраманмарас, Килис, Малатија, Османије и Шанлиурфа.

Повеќе од 13,5 милиони луѓе во Турција беа погодени од разорните земјотреси, јави Анадолија.

Слични содржини