Бројот на загинати во разорните земјотреси што ја погодија Турција овој месец се искачи на 43.556, изјави турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу.
Сојлу синоќа за телевизијата ТРТ Хабер изјави дека по првиот земјотрес на 6 февруари следеле уште 7.930 последователни потреси.
Наведе дека над 600.000 станови и 150.000 деловни простории претрпеле најмалку умерена штета.