Брод со жито за Етиопија исплови од украинско пристаниште

од Stefanija Kuzmanovska
243 прегледи

Брод изнајмен од Обединетите нации натоварен со 23.000 метрички тони украинско жито, со Етиопија како дестинација, исплови од пристаништето на Црното Море во неделата како прва пратка од ваков вид за помош на земјите кои се соочуваат со глад.

Бродот под либериско знаме испловил од украинското пристаниште Јужни, источно од Одеса, изјави регионалниот гувернер Максим Марченко. Бродот планира да отплови до Џибути, каде житарките ќе бидат истоварени и префрлени во Етиопија како дел од иницијативата на Светската програма за храна (WFP).

Украина и Русија потпишаа договор со Турција на 22 јули за обновување на испораките на жито од пристаништата на Црното Море, во обид да се решат големото нарушување во извозот на жито предизвикано од руската инвазија на Украина во февруари.

Етиопија е една од петте земји за кои ОН сметаат дека се изложени на ризик од глад.

Слични содржини