Бродот „Евер Гивен“ ги напушти египетските води

од Stefanija Kuzmanovska
271 прегледи

Товарниот брод „Евер Гивен“, кој го блокираше Суецкиот канал во март, ги напушти египетските води во 4 часот наутро по локално време по извршените инспекции во пристаништето Порт Саид, изјави денеска неименуван извор од управата на Суецкиот канал.

„Ever Given“ може да се види на радарот на бродот „Marine Traffic“ како се движи во Средоземното Море, северно од египетскиот брег.

Товарниот брод, еден од најголемите во светот, ќе го продолжи патувањето до Ротердам, 112 дена откако го блокираше јужниот дел на египетскиот воден пат речиси една недела, со што се наруши глобалната трговија, потсетува „Ројтерс“.

Бродот доби дозвола да заплови на 7 јули по долги преговори и постигната спогодба помеѓу Управата на Суецкиот канал и сопственикот и осигурителот на „Евер Гивен“.

Слични содржини