Кралот Чарлс го напушти Лондон

од Stefanija Kuzmanovska

Кралот Чарлс Трети (75) утрово го напушти Лондон и се врати на својот имот во Сандрингем, но точната причина за неговото брзо враќање се уште не е позната.

Откако беше објавено дека вчера итно се вратил во Лондон, утринава го напуштил главниот град и се вратил во резиденцијата каде се наоѓаат неговиот син Вилијам, Кејт Мидлтон и внуците.

Да потсетиме, вчера кралот Чарлс со хеликоптер слета во „Кларендон Хаус“ по еднонеделен одмор во Норфолк.

Тој во саботата првпат ѝ се обрати на јавноста и се заблагодари за поддршката.

Кралицата Камила продолжи со кралските должности и минатата недела рече дека нејзиниот сопруг добро се справува, со оглед на околностите. Кралот, кој минатата недела ја помина првата рунда на лекување од рак, бил „многу трогнат“ од сите пораки за поддршка кои ги добил од јавноста, пишува „Дејли мејл“.

Слични содржини