Бројката загинати во поплавите во Тексас се искачи на 109

Продолжува потрагата по исчезнатите и таа нема да заврши „додека не биде пронајден секој исчезнат човек“.

од desk2
5 прегледи

Големите поплави во Тексас досега одзеле 109 човечки животи, а по 161 исчезнат човек уште се трага, соопшти гувернерот на Тексас, Грег Абот.

Тој појасни дека продолжува потрагата по исчезнатите и дека таа нема да заврши „додека не биде пронајден секој исчезнат човек“.

Бројката постојано се искачува, бидејќи во петокот на државниот празник на САД, Денот на независноста – 4 јули, многу семејства кампувале покрај реката, па нивни блиски или познати со задоцнување ги пријавувале како исчезнати.

Слични содржини