Бројките драматично растат: Во израелските напади врз Газа загинаа 2.750 лица

од Stefanija Kuzmanovska
330 прегледи

Речиси 2.750 луѓе загинаа во израелските напади во Појасот Газа, а повеќе од 9.700 се ранети, соопшти денеска министерството за здравство на палестинската територија под управа на Хамас.

Израелските воздушни напади и артилерискиот оган како одмазда за нападот на Хамас на израелска територија продолжуваат во пресрет на израелската офанзива од копно, море и воздух, јавува агенцијата „Франс прес“.

Најмалку 1.400 луѓе загинаа, од кои 289 војници, повеќе од 3.400 беа ранети, а околу 150 луѓе беа заробени и однесени на палестинска територија во нападите на Хамас кои на 7 октомври ја пробија граничната ограда меѓу Појасот Газа и Израел.

Слични содржини