Повеќе луѓе се повредени во тепачки во кафеани низ целата држава, а во еден случај употребен е и пиштол.

Имено, на паркинг пред угостителски објект на ул. „Скупи“ ноќеска во 00.55 часот А.К (34) и И.Н.(30), двајцата од Скопје, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.
Против нив се поднесени соодветни поднесоци.
Ј.К(35) од Скопје вчера во 19.30 часот пријавил дека вчера околу 19.15 часот во угостителски објект на ул. „Живко Фирфов“ физички бил нападнат од И.А. (42) од Скопје.
По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Во 2.50 часот ноќеска е пријавено дека во бензинска пумпа на автопатот Е-75 А1 во Петровец две лица извршиле разбојништво и со закана ги одзеле парите од дневниот промет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
А.И. (24) и А.С. (22) од Тетово ноќеска во 3.20 часот во Полициската станица Тетово пријавиле дека околу 3 часот, откако излегле од дискотека на ул.„Маршал Тито“, се упатиле кон нивните возила кои биле паркирани на истата улица.
Пред нивните возила било паркирано друго возило, од кое не можеле да заминат.
По кратко време дошол И.И. (39) од село Мала Речица и почнале расправија околу паркирањето. И.И. им се заканил со пиштол.
По преземени мерки, И.И. е лишен од слобода. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во 1.50 часот ноќеска е пријавено дека на ул.„Венјамин Манчуковски“ во Скопје,
Н.Б. го нарушил јавниот ред и мир во угостителски објект со кршење чаши и други предмети и агресивно се однесувал кон вработените. Причината била тоа што не му било дозволено да остане во објектот по завршувањето на работното време.
Против Н.Б. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ј.К. (19) од Скопје ноќеска во 3.30 часот пријавил дека синоќа во 23.50 часот во угостителски објект на ул. „Скупи“ бил физички нападнат од С.К од Скопје додека седеле на иста маса во објектот.
По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.