Според Министерството за здравство, вкупната бројка на пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот, кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава, е 650 и има околу 621 празен болнички кревет во ковид-центрите.
„Во болницата во Битола се хоспитализирани 38 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 28 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 31 болен, а во Куманово 56 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 45 пациенти, во Прилеп 43 во ковид центарот во Гостивар 16, а во Струга 13 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 25 пациенти, во Кочани 9 во Кичево 12, Кавадарци 23, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 11 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти“, стои во извештајот.
Од таму додаваат дека во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 14 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, со што вкупно 280 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 376 пациенти.