170
Бројот на новозаболени и на хоспитализирани пациенти се намалува, информираше денеска министерот за здравство, Венко Филипче.
„Овие трендови на намалување на бројките продолжуваат и на вкупниот број на новодијагностицирани, се намалува и бројот на прегледи во болниците.Сите параметри коишто ги пратиме укажуваат на тоа дека ситуацијата спласнува“, рече Филипче.