Бројот на одобренијата за градење во август зголемен за 1.8 %

Во август 2025 година се издадени 280 одобренија за градење, што е за 1.8 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година

од Vladimir Zorba
16 прегледи Фото: Локално

Според податоците на Државниот завод за статистика бројот на одобренијата за градење во август 2025 година е зголемен за 1.8 % во однос на истиот период од претходната година

Во август 2025 година се издадени 280 одобренија за градење, што е за 1.8 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5 241 279 илјади денари, што е за 8.0 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 179 (63.9 %) се наменети за објекти од високоградба, 31 (11.1 %) за објекти од нискоградба и 70 (25.0 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 280 објекти, на 166 (59.3 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 114 (40.7 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 646 станови со вкупна корисна површина од 64 251 м2.

Слични содржини