
Бројот на смртни случаи во Велика Британија од новиот коронавирус може да биде 15 проценти поголем отколку што покажуваат официјалните бројки, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на Националното биро за статистика (ONS), кое бележи и смртни случаи надвор од болниците.
ONS наведува број од 6.235 смртни случаи во Англија и Велс до 3 април,за кои како причина за смртта се наведува „КОВИД-19“.
„Кога ќе ги разгледаме податоците од Англија, тоа е 15 проценти повисоко од она што го наведува Националниот институт за здравствено осигурување (NHS) затоа што ги наведовме сите смртни случаи, во чии извештаи се споменува КОВИД-19 или пак се сомневаат, како и оние кои починале надвор од болница, на пример, во старечки домови“, тврди Ник Страјп, статистичар на ONS.
Во Лондон, скоро половина од смртните случаи регистрирани во 14-тата недела (45,6 проценти) како причина за смртт беше наведено „КОВИД-19“а.
Според последните податоци, во Обединетото Кралство до недела во 16 часот во болница починале 11.329 луѓе кои биле позитивни на коронавирус.