Бројот на починати од Ковид-19 надмина 600.000

од Vladimir Zorba
162 прегледи

Според најновите податоци од веб-страницата Worldometer, повеќе од 600.000 луѓе во светот починале од коронавирусот. Ковид-19 однесе најмногу жртви во САД – 142.065, потоа во Бразил – 77.932 и Велика Британија – 45.233.

Мексико ја продолжува црната листа со најголем број смртни случаи по земја (38.310), додека Италија е на петтото место со 35.028 жртви.

Поранешните најголеми европски жаришта, Франција и Шпанија, се на шестото и седмото место. Досега починале 30.1152 луѓе во Франција, а 28.420 во Шпанија.

Индија е осма со 26.295 смртни случаи, додека жариштето во Иран се реактивираше во последните денови, така што таа земја е на деветто место (13.979).

Десеттото место на црниот список го држи Перу, кој моментно има 12.799 смртни случаи.

Во последните 24 часа најголем број на смртни случаи имало во Мексико – 736, Иран 188 и во Русија 124. Во региони каде што се зголемува бројот на пациенти, властите враќаат некои мерки или препишуваат нови со цел да ја одржат епидемијата под контрола.

Многу експерти се согласуваат дека бројот на смртни случаи од ефектите на коронавирусот можеби е многу поголем од официјалниот.