Бројот на починати во Велика Британија надмина 28.000

од Vladimir Zorba
268 прегледи

Бројот на починати со коронавирусот во Велика Британија достигна 28.131.

И додека Велика Британија полека го зазема статусот на најтешко погодена земја со коронавирус од Италија, премиерот Борис Џонсон се соочува со критики од опозициските партии кои велат дека владата „неуспеала“ во раните денови на епидемијата.

Министерот за домување, Роберт Џенрик денес ги достави најновите бројки за бројот на заразени и загинати.

Досега починале 64.740 луѓе во САД, 28.710 во Италија, 28.131 во Велика Британија и 25.100 во Шпанија.

Џонсон првично се спротивстави на блокадата и ги намали економските и сите други јавни активности, но се предомисли кога проекциите покажаа дека една четвртина од милион луѓе можат да починат во Велика Британија.

Самиот Џонсон го победи Ковид-19 минатиот месец. Тој се врати на работа во понеделникот и рече дека Велика Британија е на патот кон успехот.