Во текот на вчерашниот ден беше повторно забележан висок број на нови позитивни случаи со ковид.
Околу 300 војници на располагање на болниците
Денеска војниците ќе ги придружуваат полицајците. Ќе бидат распоредени во Клиничкиот центар односно таму каде што има голема раздвиженост на граѓани, но војска нема да се праќа пред приватните болници оти тие располагаат со сопствено0 обезбедување.
Според најавите на Главниот штаб при ЦУК, во зависност од проценките, Армијата ќе се распределува и во другите градови.
Состојбата од аспект на безбедноста, според Анелов, е под контрола и инцидентите се изолирани и ретки.
Вонреден надзор на ДСЗИ во битолската болница
По објавувањето на вознемирувачките фотографии од битолската болница на кои се гледа како во иста соба се чуваат двајца починати пациенти додека на уште двајца пациенти им се дава инфузија и жестоките реакции кои следуваа во јавноста, министерот за здравство, Венко Филипче, побара од ДСЗИ да испрати вонреден инспекциски надзор во оваа здравствена институција.
Министерството за здравство уште еднаш апелира дека доколку членови на семејство на пациент и лично пациенти имаат каков било сомнеж за евентуален лекарски пропуст или за начинот на лекарски третман, да се обратат до ДСЗИ.
Извештај ИЈЗ
Во наведениот период пријавени се 204 смртни случаи од 24 града, зголемување од 18,6% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 155 лица биле над 60 години, 26 лица на возраст од 50-59 години, 18 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и 5 случаи во возрасната група од 30-39 години.
Нови ковид центри
Забрзано се опремува и новото инфективно одделение за болни од Ковид „Мала Богородица во трговскиот центар „Олимпико“ откако главниот штаб побара, а приватние клиники се обврзаа да го опремат. Аџибадем Систина и Жан Митрев клиниката заедно со уште десетина приватни болници вложувааат околу 600 илајди евра и над 60 вработени лекари ,сестри и технички персонал. Се чекаат дозволи за инсталација на кислород и правно уредување на болницата. Министерството ќе кажува кој пациент каде ќе се лекува. Најтешките остануваат во ГОБ 8 сптември и Инфективна клиника.
За еден пациент приватните клиники ќе добиваат 100 евра надоместок од државата на ден, а според нивните проценки лекување чини над 500 евра за еден ден, за лекови, кислород, храна, тестирања и друга медицинска опрема.
Вратени на работа 40 медицински сестри
Четириесет медицински сестри чие договори на определено време завршија од утре се враќаат на работа, објави министерот за здравство Венко Филипче.
На мединцинските сестри договорите им истекле уште на 31 октомври од кога и престанал нивниот ангажман во Здравствениот дом.
„ 40-те медицински сестри се враќаат на работа! Договорите со кои беа ангажирани на определено време во Здравствениот Дом – Скопје им се продолжуваат. Тие и понатаму ќе ја работат најблагородната професија – спасување на човечки животи!“, напиша Филипче на својот Фејсбук профил.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 56164, бројката на оздравени пациенти е 33892, на починати е 1561, а бројот на активни случаи изнесува 20711.