Од почетокот на пандемијата на коронавирус, во светот се регистрирани повеќе од 165 милиони пациенти, од кои над 17,5 милиони се моментално активни, покажуваат најновите податоци на „Worldometer“.
Како што е наведено, 165.096.424 луѓе ширум светот досега биле заразени со коронавирус, 3.422.417 починале, а 144.110.938 се опоравиле од оваа инфекција.
Во моментов има 17.563.069 активни случаи на коронавирус во светот, а 0,6 проценти од пациентите, поточно 100.728 од нив, се во сериозна или критична состојба, пренесе Танјуг.
Соединетите држави продолжуваат да водат по бројот на случаи и смртни случаи со повеќе од 33,7 милиони инфекции и 601,332 смртни случаи.
На второ место според бројот на пациенти е Индија со повеќе од 25 милиони пациенти, а на трето е Бразил со повеќе од 15,7 милиони пациенти.
Другите држави имаат помалку од шест милиони регистрирани случаи на коронавирус.
Во однос на смртните случаи, Бразил е на второто место со 439.379 смртни случаи, Индија е на трето место со 284.290 смртни случаи, а Мексико е на четврто место со 220.746 смртни случаи.