Бројот на смртни случаи и заразени со коронавирусот во Италија и понатаму не опаѓа

од Vladimir Zorba
129 прегледи

Бројот на смртни случаи и новозаразени со коронавирус во Италија не е зголемен, но не е ниту намален, скоро еден месец откако епидемијата е во таа земја.

Уште 525 лица заразени со вирус починале во Италија во последните 24 часа, најмалку во последните четири дена, додека 3.786 се новозаразени, што е најмногу во истиот период, објавија вечерва властите.

Коронавирусот е потврден во Италија кај 168.941 лица, од кои 22.177 починале.

Само во Соединетите држави има повеќе смртни случаи од инфекција со коронавирус, со над 33.000 мртви, според официјалните бројки.

Притисокот врз преоптоварениот здравствен систем на Италија продолжи да опаѓа и денес, при што окупираните легла во болниците се спуштија за 750 во однос на вчерашните, а на единиците за интензивна нега за 143.

Во моментов во единиците за интензивна нега во италијанските болници има 2.936 легла, за прв пат од 21 март тој број да е помалку од 3.000.

Вирологот Андреа Крисанти, кој ја предводи борбата против вирусот во регионот Венето, изјави денеска дека ќе бидат потребни уште неколку недели со ригорозни мерки пред значителен пад на смртни случаи и новозаразени.

„Сè уште ги разгледуваме резултатите од она што се случи пред четири или пет недели“, рече Крисанти.

Инфекција е потврдена во светот кај повеќе од 2.130.000 луѓе, од кои повеќе од 143.000 починале.