Во Италија бројот на смртни случаи од коронавирусот се зголеми за 575, на вкупно 22.745, соопшти денеска Агенцијата за цивилна заштита на земјата.

Ова е мало зголемување од претходниот ден кога бројот на жртвите беше 525, јави Ројтерс.
Во исто време, бројот на новозаразени случаи се намали малку на 3.493 од претходниот ден кога беа 3.786.
Вкупниот број на заразени со вирусот во Италија е 172.434, што ја става земјата на третото место во светот, по САД и Шпанија.
Во интензивна нега има 2.812 лица, што е мало намалување од претходниот ден кога имало 2.936.
Од вкупниот број заразени излечени се 42.727, што претставува зголемување од вчерашните 40.168.
Денешниот број починати и новозаразени покажува дека Италија во изминатите 12 дена имала нешто постабилна состојба.