Бројот на туристи во ЕУ е преполовен во споредба со минатата година

од Vladimir Zorba

Бројот на гости во мотели, хотели, кампови и други сместувачки капацитети во периодот од јануари до август годинава е преполовен во споредба со истиот период минатата година, се вели во анализата на ЕУРОСТАТ. За целиот туристички сектор се вели дека претрпел силен удар поради пандемијата на вирусот корона.

Бројот на ноќевања од јануари до крајот на август изнесува 1,1 милијарда, што е за 50% помалку отколку во првите осум месеци од 2019 година. Најголем пад на бројот на ноќевања во туристичките сместувачки капацитети е забележан во април (-95 проценти) и мај (-89 проценти).

Во текот на летото, имаше делумно закрепнување на туризмот, но тој остана на значително пониско ниво отколку во претходната година – 37 проценти помалку отколку во 2019 година.

Падот на ноќевањата беше 71 процент во јуни, 42 проценти во јули и 32 проценти во август.

Според анализата на ЕУРОСТАТ, за тоа најмногу придонел помалиот придонес на странски туристи, дури за 60 проценти.

Најмал пад на ноќевањата во туристичките сместувачки капацитети во првите осум месеци од годинава е забележан во Холандија од 29 проценти, а најголем во Грција од 77 проценти.

loading...

Слични содржини