Упатувам апел до вработените во градинките кои што досега не успеале од различни причини да се имунизираат, да пристапат кон процесот на вакцинација, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, по состанокот со директорите на градинките на територија на Град Скопје.
Нивната одговорност е особено значајна, бидејќи тие пред сè со личната заштита се грижат за сопственото здравје, а со тоа придонесуваат за зачувување на јавното, општото здравје. Со доследното почитување на препораките на здравствените власти во градинките придонсесуваме и за здравјето на децата.
Министерката Шахпаска на средбата со директорите посочи дека вработените во градинките треба доследно да го спроведуваат Протоколот за работа во услови на Ковид – 19, бидејќи само така може да го заштитиме здравјето на нашите најмили и здравјето на вработените во градинките.
Бројот на вакцинирани вработени во скопските детски градинки е поголем и тој сега изнесува 65 проценти.