Бројот на загинати во Газа изнесува 8.796, меѓу нив 3.648 деца

од Stefanija Kuzmanovska
166 прегледи

Министерството за здравство на палестинскиот Хамас денеска соопшти дека од 7 октомври во израелските напади врз Појасот Газа загинале 8.796 лица.

Тоа значи дека во последните 24 часа починале уште 271 лице, јавува Би-Би-Си.

Се додава дека меѓу убиените има 3.648 деца.

Израел започна воздушни напади врз Газа откако Хамас го нападна Израел на 7 октомври.

Слични содржини