Бројот на загинати во Мјанмар се искачи на 1.644 лица

од Даниел Ѓорѓиевски
9 прегледи

Според последните податоци од военото раководство на Мјанмар, бројот на загинати по разорниот земјотрес што го погоди земјата се искачи на 1.644, додека бројот на повредени се зголеми на 3.408. Преставници на властите соопштија дека уште 139 лица се водат како исчезнати, што предизвикува дополнителна загриженост во земјата.

Додека спасувачите продолжуваат со потрагата по преживеани, денеска беа извлечени живи од урнатините на урната станбена зграда во Мандалеј. Жената Фју Леј Каинг (30) беше спасена по 30 часа од катастрофата. Спасувачите ја изнесоа од зградата „Скај Вила“ и ја пренесоа на носилки до нејзиниот сопруг, кој ја прегрна со радост и олеснување, по што беше транспортирана до болница за натамошна медицинска нега.

Во меѓувреме, на градилиштето во близина на пазарот Чатучак во Бангкок, спасувачките екипи пронајдоа шест мртви, додека 26 лица се повредени, а 47 се водат како исчезнати. На местото на несреќата беше донесена дополнителна тешка механизација за отстранување на урнатините и продолжување на потрагата.

Семејствата и пријателите на исчезнатите сè уште се надеваат на позитивен исход, но со секој изминат час, нивната надеж за наоѓање живи исчезнати лица значително се намалува.

Слични содржини