229
Бројот на загинати во нападот пред синагогата на островот Џерба во Тунис се искачи на шест, вклучувајќи го и напаѓачот, јавува агенцијата ТАП повикувајќи се на болнички извори.
Во нападот се ранети девет лица, соопшти туниската влада, пренесува „Ројтерс“.
Злосторството се случи во вторникот за време на годишниот аџилак на островот Џерба, кој привлекува стотици Евреи од Европа и Израел.
Нападот го извршил чувар на воен објект во Џерба, кој прво со пиштол убил колега и му ја зел муницијата, а потоа се упатил кон синагогата.