Бројот на загинати во шумските пожари на хавајскиот остров Мауи се искачи на 93, соопштија локалните власти и потврдија дека тоа е најсмртоносниот пожар во САД во повеќе од 100 години.
Според првите проценки, трошоците за обнова на туристичкото место Лахаин се проценуваат на околу 5,5 милијарди долари, се наведува во извештајот на Федералната агенција за вонредни состојби (ФЕМА).
Спасувачките тимови со дресирани кучиња трагаат по неоткриени жртви во урнатините на изгорените населби, јавува „Ројтерс“.