304
Најмалку 111 лица, меѓу кои и деца, загинаа во минатонеделните катастрофални шумски пожари што го зафатија хавајскиот остров Мауи.
Началникот на полицијата во Мауи, Џон Пелетиер, денеска изјави дека се очекува бројот на жртвите да се зголеми, а поголемиот дел од опожарената област допрва треба да се пребарува.
„Никој досега не видел вакво нешто, ниту во овој обем, ниту во ваква бројка, а сè уште не сме готови“, изјави Пелетиер за Си-Ен-Ен.