Бројот на загинати во разорниот земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала што го погоди источен Авганистан се искачи на 1.000, соопштија локалните власти.
Во силниот земјотрес што синоќа го погоди руралниот, планински регион во источен Авганистан, во близина на пакистанската граница, повредени се уште 1.500 лица, соопштија локалните власти, пренесува АП.
Пакистанската метеоролошка служба соопшти дека епицентарот на земјотресот бил во авганистанската провинција Пактика, на околу 50 километри југозападно од градот Хоста, каде што биле оштетени згради, а земјотреси биле почувствувани дури и во пакистанската престолнина Исламабад, наведува американската агенција.