Бројот на загинати во рускиот воздушен напад на хипермаркетот „Епицентар“ во Харков, на североистокот на Украина, се искачи на 12, а 43 лица се повредени, соопшти обвинителството на регионот Харков.
Во исто време, бројот на повредени во рускиот напад врз центарот на Харков се зголеми на 25, пренесува Интерфакс Украина.
Украинските медиуми објавија дека руските сили во саботата неколку пати го гранатирале Харков.