Бројот на заразени и починати во Словенија продолжува да опаѓа

од Vladimir Zorba
92 прегледи

Во Словенија се потврдени уште седум случаи на коронавирус, со што се зголеми вкупниот број заразени на 1.373, соопшти денеска владата.

Како што е забележано, уште едно лице починало во изминатите 24 часа, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 80, пренесува СТА.

Во последните 24 часа, тестирани се 1.315 луѓе, а повеќе од 47.000 се тестирани уште од избувнувањето на пандемијата.