Бројот на заразени од коронавирус продолжува да расте со застрашувачко темпо

од Vladimir Zorba
155 прегледи

Директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гребрејесус изјави денеска дека повеќе од 100.000 потврдени случаи на коронавирус се регистрирани секој ден во последните две недели, претежно во САД и Јужна Азија.

Тој им порача на земјите што го спречиле преносот на вирусот дека мораат да бидат на готовност заради можноста за повторен раст на бројот на случаи.

Тедрос, исто така, посочи нова серија на случаи во Пекинг, кои врзаа повеќе од 50 дена без нови случаи на „Ковид-19“ и рече дека се испитува потеклото на новата серија на случаи, пренесува АП.

Мајкл Рајан, шеф на СЗО за вонредни ситуации, рече дека здравствената агенција при ОН понудила дополнителна помош на кинеските власти и дека СЗО би можела да го зајакне својот тим во Кина во наредните денови како што напредува истрагата.

Тедрос истакна дека биле потребни два месеци за да се достигнат првите 100.000 пријавени случаи, а сега тоа е дневна норма. Скоро три четвртини од новите случаи доаѓаат секој ден од 10 земји, претежно од Јужна Азија и Америка, рече тој.