Бројот на заразени со коронавирус во светот надмина 120 милиони

од Vladimir Zorba
213 прегледи

Повеќе од 120 милиони случаи на коронавирус се регистрирани во светот од почетокот на пандемијата, од кои околу 20,7 милиони се моментално активни, според податоците на веб-страницата на „Worldometers“.

Како резултат на вирусот, досега починале 2,6 милиони луѓе, а 96,5 милиони се опоравиле.

Бројот на активни случаи во моментов е 20,8 милиони, од кои 20,7 милиони се со средна клиничка слика.

Најголем број на заразени лица се регистрирани во Соединетите Американски Држави, 30 милиони, а повеќе од 546 илјади починале.

Бразил и Индија имаат по 11 милиони случаи на коронавирус, но има помалку смртни случаи во Индија.

Слични содржини