Бројот на заразени со коронавирус во светот надмина 123 милиони: 21 милион активни случаи во моментов

од Stefanija Kuzmanovska
196 прегледи

Бројот на заразени со коронавирус во светот надмина 123 милиони од почетокот на пандемијата, според податоците на страницата worldometers.

Од последиците на вирусот, досега починале 2,7 милиони луѓе, а 99,1 милиони се опоравиле.

Бројот на активни случаи во моментов е 21,1 милиони, од кои 0,4 отсто се во критична состојба.

Најголем број на заразени лица се регистрирани во САД – 30,4 милиони, а повеќе од 550.000 луѓе починале.

Бразил и Индија имаат повеќе од 11 милиони случаи на коронавирус, но има помалку смртни случаи во Индија.

Слични содржини