
Повеќе од 26 милиони луѓе, поточно 26.093.812, биле заразени со коронавирусот ширум светот од почетокот на пандемијата, според податоците на веб-страницата на „Worldometers“.
Според веб-страницата, од последиците на вирусот досега починале 864.565 лица, а излечени се 18.340.671 лица.
Во моментов има 6.888.576 активни случаи, од кои 60.670 се во критична состојба.
Ситуацијата е најтешка во Соединетите држави, каде повеќе од 6,2 милиони луѓе се заразени со корона, а починаа 189.651 лице.
На второ место е Бразил со над 3,9 милиони заразени и 122 941 мртви, а на трето место е Индија со над 3,8 милиони заразени и 67.486 жртви.
Само Русија сè уште има повеќе од милион пациенти, поточно 1.005.000 од нив. Во таа земја, сепак, има значително помал број на смртни случаи – 17.414.