Бројот на заразени со Ковид-19 надмина 143 милиони!

од Vladimir Zorba
172 прегледи

Од почетокот на пандемијата, во светот се регистрирани повеќе од 143 милиони случаи на коронавирус, од кои повеќе од 18 милиони се моментално активни, покажуваат најновите податоци на страницата „Worldometers“.

Според веб-страницата, досега 143.137.687 луѓе ширум светот биле заразени со вирусот, 3.049.126 починале, а 121.550.808 се опоравиле од оваа инфекција.

Во моментов има 18.537.753 активни случаи во светот, а 0,6 проценти од пациентите, поточно 108.158 од нив, се во сериозна или критична состојба.

Соединетите држави продолжуваат да водат по бројот на болни и мртви со 32,483,791 заразени и 581 689 смртни случаи.

Слични содржини