Бројот на жирафите драстично се намалува

од Vladimir Zorba
76 прегледи

Жирафите во дивината се намалиле за 40 отсто во последните 30 години и се заканува нивно исчезнување. Вкупниот број на жирафи – највисоките копнени животни, паднале на помалку од 100 000 во 2015 година, најмногу поради загуба на живеалиштата и бракониерски лов, соопшти Меѓународната унија за заштита на природата.

“Овие величествени копнени животни се предмет на исчезнување”, предупредува Џулијан Фенеси – копретседател на експертската група која работи на темата за жирафа во организацијата.