Ново истражување покажа дека повеќе од четири милиони луѓе починале во Индија за време на пандемијата на коронавирусот, што е 10 пати повеќе од официјалните податоци.
Истражувачите од американскиот центар за глобален развој користеле три различни извори на податоци за да проценат смртност од сите причини за време на пандемијата и досега официјално се регистрирани повеќе од 414.000 случаи, пишува Би-Би-Си.
Истражувачите применувале меѓународни проценки на стапката на смртност специфична за возраста на луѓето од два теста за антитела.
Поранешниот главен економски советник на Индија Арвин Субраманијан и еден од авторите на студијата рече дека КОВИД-19 не ги предизвикал сите смртни случаи, но дека бројот на смртни случаи од коронавирус бил голем.
Арвин додаде дека смртноста во Индија не се разликува од земјите со слична големина и стапка на инфекција.