Грчката крајбрежна полиција соопшти дека пронашле уште две тела на жртви од пожарот околу Атина, со што бројот на жртви се искачи на 93.

Патролите продолжуваат со потрага по евентуални жртви, соопшти за Франс прес морнарицата.
Најголем број од жртвите настрадаа во самиот пожар, а дел од нив се удавија бегајќи од огнот што го зафати селото Мати крај Атина.
Властите наведоа дека 1.046 куќи се уништени во пожарот во местото кое има 3.676 објекти.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас вчера го посети Мти и понесе одговорност за пожарот кој најверојатно беше подметнат, а не ги обвини спасувачките тимови, додека опозицијата обвинува дека имало недостиг од координација на разни служби.