326
Бројот на жртвите од земјотресот со јачина од 7,2 степени кој го погоди Хаити во саботата се искачи на 2.189, соопштија локалните власти за цивилна заштита.
Поплавите и обилните дождови изминатите неколку дена ги прекинаа напорите на спасувачките служби да трагаат по преживеани од земјотресот и да им помогнат на оние што останаа без покрив над главата или без храна и вода.
Премиерот на Хаити Ариел Анри прогласи вонредна состојба во траење од 30 дена по земјотресот во саботата.
Повеќе од 1,3 милиони луѓе останаа без покрив над главата.