126
Бројот на загинати во земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала што ја погоди западната кинеска провинција Сечуан минатата недела се искачи на 93, додека спасувачите продолжуваат да бараат преживеани, соопштија денеска властите, пренесува АП.
Потрагата по преживеани беше отежната поради силниот дожд и ризикот од лизгање на земјиштето.
Повеќе од 270 луѓе беа повредени во земјотресот што на 5 септември ја погоди провинцијата Сечуан.