Бројот на жртвите во земјотресот во Тибет се зголеми на 95, 130 лица се повредени

од Vladimir Zorba
61 прегледи

Бројот на жртвите во земјотресот што утринава го погоди Тибет се зголеми на 95, додека бројот на повредени е 130, пренесе Ројтерс.

Силен земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтер го погоди хималајскиот регион на Тибет во југозападна Кина.

Повеќе од 1.000 куќи се уништени, а тимови трагаат по преживеани под урнатините и им делат ќебиња и други потреби на погодените, јавуваат кинеските државни медиуми.

Слични содржини