За разлика од обичната настинка, кога дури е и подобро да останете во движење и да не „залегнувате“, бронхитот мора да го „одлежите“ и да мирувате.

Unsplash
Но, како и за секоја друга состојба, така и при бронхит можете на природен начин да си помогнете за олеснување на симптомите.
На пример, внимавајте да одржувате влажност во воздухот, а ако треба набавете си и навлажнувач. Грејните тела го сушат воздухот и тој ве гребе по грлото и слузокожата.
Пијте многу течности, по можност млаки чаеви или лимонади, за да се разгради секретот. Помогнете си и со хербален сируп за искашлување.
Во исхраната добро е да вклучите цинк, бидејќи е еден од најефикасните минерали за одржување на здравјето на белите дробови.
Како што веќе кажавме на почеток, при ваква клиничка слика, најдобро е да земете боледување неколку дена, да се наспиете и да се одморите.