Брони Џејмс ќе игра за Саут Беј Лејкерс

од Vladimir Zorba
28 прегледи

Пред само неколку дена на натпреварот помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Минесота Тимбервулвс се случи нешто што досега не се случило во НБА. Татко и син – Леброн Џејмс и Брони Џејмс, настапија на ист натпревар. Леброн (39) и неговиот 20-годишен син играа заедно за тимот на Лејкерс.

За разлика од Леброн, кој во првата сезона имаше просек од 20,9 поени, 5,5 скока и 5,9 асистенции, беше дебитант на годината и ѕвезда на лигата, Брони не е таков потенцијал. Тоа беше познато уште пред неговото доаѓање во лигата, во која влезе како 55-ти пик на годинешниот драфт, а се виде и на претсезонските натпревари.

Одигра шест од нив, добиваше околу 15 минути во просек и постигнуваше по 4,2 коша по натпревар со лоши 9/37 од поле и уште полоши 1/12 за тројка. Откако испишаа историја, Лејкерси одлучија Брони да не го пополнува списокот на секој натпревар. Поконкретно, беше донесена одлука дел од сезоната да помине во Саут Беј Лејкерс, филијала на клубот кој се натпреварува во развојната „Г“ лига.

Тренерот на тимот, Џеј Џеј Редик тврди дека тоа отсекогаш била идејата. „Тоа беше договорено на првиот ден. Разговарав за тоа со генералниот директор Роб Пелинка. Леброн исто така зборуваше за тоа“, тврди Редик.

Брони одигра три минути во својот прв и досега единствен натпревар во НБА. Тој не се запиша меѓу стрелците.

Слични содржини