Бронзениот Горан Стефановски го виде небото над Дебар Маало!

од Берта Китинска
332 прегледи

Општина Центар заедно со семејството на Стефановски  во чест на починатиот писател, режисер, сценарист, драматург и еден од најзначајните ликови во македонската култура, Горан Стефановски во неговото Дебар Маало  поставија споменик.

-Конечно, после една година изработка, долги ковид-месеци во склад, и неколку недели во кутија, сабајлево бронзениот Горан го виде небото над Дебар Маало!За жал, поради новите мерки, нема да има јавен настан за отворањето. Но, сигурно така и требало да биде, бидејќи Горан секогаш се враќаше во Скопје тивко и ненајавено – едноставно си сакаше да се појави (всушност, никогаш не се сметаше за отсутен). Така што, еве и овој пат, во текот на денот (здравје), Горан би требало да биде поставен на своето место, каде ќе ве чека за седенка и муабет. Кога ќе бидете во можност, отидете да го поздравите.ДОБРЕДОЈДЕ ДОМА СТАРИ! Едвај чекам да седнам до тебе пак“… велат од Здружение за промоција на културното наследство на ГОРАН СТЕФАНОВСКИ.

Слични содржини