Бројот на жртвите од разорниот земјотрес што во понеделникот ги погоди Турција и Сирија надмина 24.000, соопштија локалните власти.
Турската агенција за управување со вонредни состојби утринава соопшти дека бројот на жртвите од земјотресот во Турција се искачи на 20.665, додека властите во Сирија соопштија дека во таа земја животот го загубиле 3.553 лица, пренесува Си-Ен-Ен.
Според турската администрација, речиси 93.000 луѓе биле евакуирани од делот на земјата што во понеделникот беше погоден од земјотресот, пренесе Ројтерс.
Спасени се две жени, под урнатините поминале 122 часа
Спасувачите во Турција од урнатините успеале да извлечат две преживеани жени, кои биле закопани 122 часа по разорниот земјотрес.
Станува збор за Менексе Табак (70) и Масала Чичак (55), кои беа извлечени од под урнатините на зграда во Дијабакир, пренесе Ројтерс.