Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова истакна дека најголем приоритет во нејзината програма е воспоставувањето на БРТ-системот – брз и еколошки јавен превоз што ќе го реши сообраќајниот метеж и загадувањето во главниот град.
„Скопје мора да има јавен превоз кој навистина функционира. Проектот за БРТ е подготвен, средствата се обезбедени и првата линија, од Ѓорче Петров до Аеродром, долга 13 километри со 21 станица, може да биде готова најдоцна до почетокот на 2028 година“, изјави Шукова.
Таа посочи дека ова е најзначајниот инфраструктурен проект во Скопје по неколку децении, бидејќи БРТ-системот ќе овозможи превоз на над 65.000 патници дневно, со нови, еколошки автобуси кои ќе се движат на секои неколку минути.
„Со ова решение, Скопје ќе добие јавен превоз каков што му доликува на модерен европски град – без застои, без загадување и со чиста мобилност достапна за сите“, додаде Шукова во интервју за емисијата „360 степени“.